Тартуфи со Моцарт чоколаден ликер
Состојки
- 1 белка
- 125гр путер
- 80гр шеќер
- 100гр црно чоколадо(70% какао маса)
- 120гр мелени потпечени лешници
- 130гр мелени бисквити
- 4лажици чоколаден ликер
- 100гр мелен лешник за валкање
Подготовка
Неееее, не станува збор за печурки.Туку.... Добив на подарок од Виена прекрасен чоколаден ликер. Не можев да му одолеам, а да не го ставам и во колачи.
Излегоа совршени тартуфи, слатки. Прво во сад над пареа се растопуваат путерот, шеќерот и чоколадото. Нека се подизлади, па се додава чоколадниот ликер.
Се промешува. Во друг сад се мати една белка, постепено се додава претходната смеса.
Сега се соединуваат лешниците и бисквитите и се додаваат во садот со белка. Убаво со рака се изработува и нека одстои 15 минути. Се формираат тартуфи и се валкаат во печен , мелен лешник