
20
мар
2020
Фаџ со чоколаден ликер (без печење)
Во касерола на тивок оган ги ставаме да се соединат кондензираното млеко, шеќерот и путерот.
 Кога смесата е изедначена, малку го појачуваме огнот и постојано мешаме, околу 15 миниуту за да смесата се згусни, односно да добие боја на карамела.
 Тргаме од оган и додаваме искршено чоколадо, чоколаден ликер и сецкани ореви.
 Убаво соединуваме.
 Смесата ја истураме во мал правоаголен плех, декорираме со мали чоко топчиња.
 Оставаме во фрижидер 1 час.
 Потоа сечеме на коцки и послужуваме.
Лиценца: Сите права се задржани





















