Испечати

Фаџ со чоколаден ликер (без печење)

Фаџ со чоколаден ликер (без печење)

Состојки

  • 1 лименка засладено кондензирано млеко
  • 100гр шеќер
  • 100гр путер
  • 2 лажици чоколаден ликер
  • 70гр потпечени, сечкани ореви
  • 200гр црно чоколадо-70% какао маса
  • чоко топчиња за декорација

Подготовка

Во касерола на тивок оган ги ставаме да се соединат кондензираното млеко, шеќерот и путерот.
Кога смесата е изедначена, малку го појачуваме огнот и постојано мешаме, околу 15 миниуту за да смесата се згусни, односно да добие боја на карамела.
Тргаме од оган и додаваме искршено чоколадо, чоколаден ликер и сецкани ореви.
Убаво соединуваме.
Смесата ја истураме во мал правоаголен плех, декорираме со мали чоко топчиња.
Оставаме во фрижидер 1 час.
Потоа сечеме на коцки и послужуваме.