Испечати

Бомбици со чоколаден ликер

Бомбици со чоколаден ликер

Состојки

  • 50мл слатка павлака
  • 100гр црно чоколадо(70% какао маса)
  • 40мл чоколаден ликер (или друг по ваш избор)
  • 50гр мелени бисквити
  • 50гр мелен орев
  • 50гр мелени несолени фстаци
  • 80гр чоколадни трошки за валкање

Подготовка

Едноставни, а многу вкусни бомбици.
Во мала касерола се ставаат на тивок оган слатката павлака и чоколадото да се изедначат.
Се трга од оган и по желба може да се додаде една лажица шеќер во прав. Се промешува и се додаваат ликерот, бисквитите, оревите, фстаците.
Убаво сето се соединува и од млаката смеса веднаш се прават бомбици, со големина на орев и се валкаат во чоколадни трошки.
Се редат во хартиени корпи.