Едноставни, вкусни, ароматични, а пак ако ви се наоѓа и ликер од портокали по дома, слободно може да го збогатите вкусот што веќе го имаат.

Подготовка
1. Слатката павлака и чоколадото ги ставаме на пареа да се соединат. Може и на рингла ама на сосема тивок оган.
2. Брусницата ситно ја сечкаме, а аранчините ги мелеме во машинка. Ги додаваме на чоколадната смеса заедно со румот.
3. Промешуваме и постепено додаваме кокос, се додека се направи смеса од која ќе можеме да формираме бомбица.
4. Оставаме да се излади, па формираме бомбици кои ги валкаме во кокос или по вкус. Овој пат сакав да бидат вакви на изглед, па не ги валкав во ништо.

Забелешка
Аранчините што ми се домашно направени ги чувам во отворен сад. Ги ставам во машинка за мелење кафе и така ги правам во прав па ги додавам во бомбиците и во други колачи. Може и да се насечкаат па да се додадат, ама тоа е ваша желба и вкус.
Кокос додавате онолку колку што е потребно за да може да се формираат бомбици. Зависи од влажноста на кокосот, па така да може и ќе ви остане за валкање, ама добро е да се има гореспоменатата грамажа.
Рецепт за аранчини имате овде 

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани