Тортички Снежана (Snow White Cupcakes)
Бидејќи кај нас дома поделени сме со вкусовите, т.е. едни се по чоколадните, а други по овошните десерти, секогаш сум во потрага по рецепти кои ќе ги задоволат и двете страни. Од овие тортички бевме сите ПРЕзадоволни. Ги снема за час! Пробајте ги, верувам дека и вам ќе ви се допаднат.
Подготовка
Рерната вклучете ја да се загрева на 175 степени.
Во плехот за мафини (12) ставете ги хартиените корпиња. Малините измијте ги под млаз ладна вода.
Брашното, пецивото, солта и двете врсти на шеќер измешајте ги во еден длабок сад. Во друг длабок скршете го јајцето и кратко изматете го со жица за матење. Додадете го млекото и зејтинот и повторно кратко измешајте со жицата за матење. Течните состојки постепено додадете ги во сувите состојки и притоа матете со миксер. Изматете ја смесата 1-2 минути колку состојките убаво да се измешаат.
Поделете ја смесата на два еднакви дела. Во едната половина додадете го какаото и едната лажица млеко. Убаво промешајте. Полнете ги корпињата најпрво со светлата смеса, па врз неа ставете од темната. Врз секоја тортичка ставете по три малини и нежно притиснете со прстите.
Ставете да се печат 20 минути.
Откако ќе се испечат, извадете ги од плехот и оставете на решетка да се ладат околу 30 минути. За тоа време подгответе го ганашот.
Слатката павлака ставете ја да се вари. Кога ќе дојде до точка на вриење веднаш тргнете од рингла и додадете го претходно исечканото чоколадо. Убаво измешајте додека чоколадото потполно се стопи. Ставете во фрижидер убаво да се излади. Потоа изматете со миксерот некои 3-4 минути за да добиете убав кремаст ганаш.
Врз секоја тортичка ставајте по една лажица од кремот и врз него наредете по седум малини. Посипете со рендано бело чоколадо.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани
крадени фотки
втора работа
добро, ај не се крадени фотките, јадењето е купено од продавница :) :) :) :)
преубаво :)
Ludo :)))) ke te "razocaram"...nitu slikite se kradeni nitu tortickite se kupeni, zamisli sama gi pravev i toa vo neviden haos okolu mene :))) Me iznasmea da ne puknes :)))) fala ti za komentarot!
прва од сите на мои рецепти за која што помислив дека има крадени слики беше љиља наша, ама не лажам, мајке ми. гледам слика и не ми се верува.
тогаш бевме на почеток, малку бевме на сајтов и сите некако онака сликавме, колку да има слика, улетуе љиљ клизеќим и на сите шлаканица во фаца како треба фотка да личи. од тогаш малку ги шутнам пилиштарциве со нога, онака само ги подбутнувам, да имам 4-5 секунди фора да направам фотка, додека да се вратат и да почнат пак да се бесат по мене како мајмунчиња <3 :) :) :) :)
ови се пилиштарци, младунче е 2,5 години, оги синко е 1,5, па ме прават да сум бијонсе, со пантолоните на струк обесени цело време :) :) :) :)
ме шиеш на комада, ќе те стигнам :) :) :) :)
I vo kombinacija borovinki i temna cokolada...