1. Претходниот ден добро се мие портокалот и се остава во замрзнувачот да се смрзне.
2. Наредниот ден во сад се става водата и шеќерот и се вари 3 мин. Се додава маргаринот и чоколадото и се меша да се растопи.
3. Се трга на страна садот и веднаш се додаваат мелените ореви, мелените бисквити и муслите. Се меша.
4. На крајот се ренда ситно портокалот и се додава во смесата.
5. Се обликуваат топчиња со влажни раце.
6. Се оставаат добро да оладат.
7. На пареа се топи црната чоколада со 6 лажици масло и се глазираат бомбиците. Од белото чоколадо со 2 лажици масло и боја се прават шарите на бомбиците, а другите пак се наросуваат со мусли. Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани