Ова се енергетски бомбици со мусли кое содржи повеќе видови суво овошје и семки, а
во комбинација со моето омилено овошје боровинките, се едноставно одличен фит
рецепт.
Подготовка
1. Во Нутрибулет го мелеме одреденото количество на мусли.
2. На средна температура го топиме какао путерот.
3. Сите состојки ги ставаме во еден сад во кој внимателно ќе ја соединиме смесата.
4. Правиме бомбици со посакувана форма и големина.
5. Ги декорираме со прелив од малини или по желба и вкус.