Испечати

Бомбици со мусли, ореви и портокал

Бомбици со мусли, ореви и портокал

Состојки

  • За бомбици
  • 200 гр шеќер
  • 100 мл вода
  • 100 гр чоколадо
  • 125 гр маргарин
  • 1 замрзнат портокал
  • 100 гр мелени ореви
  • 300 гр мелени бисквити (посни)
  • 3 лажици мусли Натура
  • За глазура
  • 200 гр црна чоколада
  • 50 гр бела чоколада
  • 8 лажици масло
  • зелена боја екстрат

Подготовка

1. Претходниот ден добро се мие портокалот и се остава во замрзнувачот да се смрзне.
2. Наредниот ден во сад се става водата и шеќерот и се вари 3 мин. Се додава маргаринот и чоколадото и се меша да се растопи.
3. Се трга на страна садот и веднаш се додаваат мелените ореви, мелените бисквити и муслите. Се меша.
4. На крајот се ренда ситно портокалот и се додава во смесата.
5. Се обликуваат топчиња со влажни раце.
6. Се оставаат добро да оладат.
7. На пареа се топи црната чоколада со 6 лажици масло и се глазираат бомбиците. Од белото чоколадо со 2 лажици масло и боја се прават шарите на бомбиците, а другите пак се наросуваат со мусли. Добар апетит!