На ситното ренде изрендајте ги морковите. Кајсиите и брусницата сомелете ги во сецко. Во сецкото посебно исецкајте ги и бадемите и корнфлексот.
Се заедно измешајте и додадете го еурокремот. Со помош на вилушка измашајте компактно.
Секој има свој сенс за слатко, а многупати и кај секого потребата и осетот варираат. Мене вака ми беше доволно благо, па не додадов шеќер. Доколку сакате поблаго, додадете шеќер во прав. Доколку пак сакатем посна верзија, наместо еурокрем додадете мед.
Од смесата обликувајте ситни бомбици, извајлакте ги во кокос и одложете ги во мали хартиени корпиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани