Болоњез пити со сусам
Мелено месо е често застапено во нашата кујна, па ете следува еден рецепт по мој избор.
Најпрво се зафаќа квасецот настрана со малку шеќер и 2 лажици брашно, пола филџанче вода, се меша и се остава да стаса.
Во меѓувреме ги приготвуваме состоките за тестото во подлабок сад. Се додава се со исклучок на млекото, со него се замесува тестото откако ќе се стави готовиот квасец, постепено додавајќи така да се добие тесто со мека конзистенција. Ако се лепи на рака додаваме само малку масло на рацете. Се остава изработено да отстои додека не го припремиме филот од мелено со зачински тревки.
Доматот се лупи од лушпа, па се сечка и се става во сад на оган, убаво да се омекни, се става кромидот, се додава малку масло и нека пропржат заедно. Се додава меленото месо, нека ,,забели,, сега се додава и кечап и водата се ставаат сите зачини и зачински тревки. Се покрива со капак и нека прокрчка на многу тивок оган па се лади.
Од готовото тесто се делат 6 делови. На работна површина се става дебел слој сусам со дијаметар од прилика од 22-25 см. и тоа на толку места треба да се оформат кругови од сусам колку има парчиња тесто. Ги формираме деловите од тесто во кругови и врз средишниот дел се става од филот со мелено, се затвораат образувајќи витки по краевите, при што целосно се прекриени со сусам. Секоја пита се подига со широка шпатула и се пренесува во плех врз хартија за печење. Со силиконско четче се премачкуваат со премазот, па од тој момент се стартува рерната да се загрее на 200, откако ја достигне таа температура се печат некои 17-20 мин.зависно од рерната секако.
Топли се премачкуваат со малку масло и се прекриваат со платнена крпа. Убави за секој дел од денот. Секако доколку сакате дозволува додаток на мак или некое семе по избор за дополнително декорирање.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Kako i da e mene ligi mi potekoa gledajki