
9
апр
2012
Печени сусам стапчиња
Јајцата ги кршиме и ги делиме жолчките од белките. Квасецот го оставаме да нарасни. Во брашното ги додаваме жолчките, квасецот, солта, маслото и замесуваме со млеко. Тестото убаво се меси и се дели на 12 парчиња и од секое парче се вади по 8-10 топчиња. Секое топче се сука тенко и се витка како цигара. Белките се матат со вилушка и во нив се потопува секое кифле, а потоа се валка во сусам. На секое кифле одгоре се става по малку од маргаринот и се печат.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови