Стапчиња со урми, орев, сусам и чоколадо
Предлог од мене за претстојните празници, за имендени...
Декоративни и многууу вкусни колачи ви предлагам денес.
Прво урмите ги ставме во еден сад.
Ги потопуваме со топла вода.
Оставаме така да одстојат 30 минути.
Потоа со помош на цедалка дооообро ги цедиме.
За тоа време на тивок оган го растопуваме чоколадото со маслото.
Исцедените урми ги ставаме во садот на нутрибулет.
Тука ги додаваме брусниците и топлото чоколадо.
Соединуваме, до изедначување на смесата.
Во таа смеса го додаваме и сусамот и кора од портокал.
Додаваме и мелен орев и се убаво соединуваме.
Смесата ја оставаме на ладно да се стегни.
Ако случајно има потреба, односно ако е мека додаваме уште 1-2 лажици мелен орев.
Сега со влажни раце формираме долги ремени.
Ги сечиме на помали парчиња, односно формираме трупчиња.
Ги редиме врз хартија за печење и ги оставаме неколку часа да се просушат на воздух.
Потоа правиме нежна декорација со бело чоколадо.
Сервираме.
Лиценца: Сите права се задржани
Ednostavno se sovrseni so svojot vkus i eleganten izgled
Epten se ubavi,vkusni i fotogenicni