Елегантни чоко стапчиња со лешник, портокал, чоколадо
Превкусни, превкусни чоко стапчиња.
спој на лешник, портокал, чоколадо---нешто неодоливо.
Напомена - пожелно е да се користи млечно чоколадо со крупно сецкан лешник.
Во една касерола на оган се става слатката павлака да се загрее.
Се трга од оган па се додава кората од измиениот и рендан портокал.
Нека одстои 5 минути, кората да ја пушти својата арома.
Сега касеролата повторно се враќа на рингла на тивок оган и се додаваат путерот и 2 вида на чоколадо.
Се меша смесата да се изедначи.На крај се додава и сокот од портокал.
Се трга од оган и се остава смесата да се излади.
Кога е изладена се додаваат крупно мелените лешници, кандираната кора од портокал и мелените наполитанки.
Убаво се соединува цела смеса.
Сега врз фолија се прават долги ремени, широко отприлика до 1 цм, се редат на даска за колачи.
Потоа со нож се сечат идентични парчиња.
Секое парче се потопува во засебно растопената бела и црна чоколада.
Се декорира по желба.
Од оваа доза излегуваат 60 парчиња.
Уживајте.
Лиценца: Сите права се задржани