Испечати

Елегантни чоко стапчиња со лешник, портокал, чоколадо

Елегантни чоко стапчиња со лешник, портокал, чоколадо

Состојки

  • 100мл слатка павлака
  • 1 кора од портокал, ситно рендана+2-3 лажици сок од портокал
  • 60гр кандирана кора од портокал
  • 120 гр крупно мелен лешник
  • 200гр мелени наполитанки со вкус на лешник
  • 200гр млечно чоколадо со сецкан лешник
  • 100гр црно чоколадо-70% какао маса
  • 1 лажица путер
  • за глазирање
  • 100гр црно чоколадо+3лажици масло
  • 100гр бело чоколадо+3 лажици масло

Подготовка

Превкусни, превкусни чоко стапчиња.
спој на лешник, портокал, чоколадо---нешто неодоливо.

Напомена - пожелно е да се користи млечно чоколадо со крупно сецкан лешник.
Во една касерола на оган се става слатката павлака да се загрее.
Се трга од оган па се додава кората од измиениот и рендан портокал.
Нека одстои 5 минути, кората да ја пушти својата арома.
Сега касеролата повторно се враќа на рингла на тивок оган и се додаваат путерот и 2 вида на чоколадо.
Се меша смесата да се изедначи.На крај се додава и сокот од портокал.
Се трга од оган и се остава смесата да се излади.
Кога е изладена се додаваат крупно мелените лешници, кандираната кора од портокал и мелените наполитанки.
Убаво се соединува цела смеса.
Сега врз фолија се прават долги ремени, широко отприлика до 1 цм, се редат на даска за колачи.
Потоа со нож се сечат идентични парчиња.
Секое парче се потопува во засебно растопената бела и црна чоколада.
Се декорира по желба.
Од оваа доза излегуваат 60 парчиња.
Уживајте.