Подготовка на кората
Белките со прстофат сол пенесто изматете ги и оставете ги на страна.
Жолчките матете ги со водата и постепено додавајчи го шеќерот продолжете со матењето да се добие кремаста смеса. Потоа додајте го стопениот путер.
Додајте ги белките и измешајте со жица, потоа брашното, нишестото и пецивото и се заедно убаво измешајте.
Смесата истурете ја во голем плех обложен со хартија и ставете ја да се пече на 180С 15 мин.
Печената кора додека е топла ставетеа на влажна крпа и заедно со хартијата завиткајте ја во ролат. Оставете ја да олади.

Подготовка на филот
Пудингот сварете го во млекото измешано со шеќерот и оставете го да олади.
Путерот изматете го и додадете го оладениот пудинг,стопената чоколада и какаото.Филот ставете го фрижидер малку да се стегне за подобро да се работи.

Филовање
Одвиткајте ја кората, отстранете ја хартијата и испрскајте ја со млекото измешано со рум.
Нанесете половина од филот и завиткајте ролат и ставете го на плех.
Од едниот крај дијагонално исечете парче со ширина околу 3-4 см и со малку фил залепете го од страна, и од другиот крај вертикално исечете уште едно парче широко околу 2 см и исто така залепете го од страна.
Ролатот премачкајте го со останатиот фил и со вилушка направите линии да изгледа како кора од дрво.
Пред служење наросете го со малку шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани