Маргаринот изматете го пенасто со шеќерот, додадете го еурокремот и уште малку изматете да се соедини.
Додадете ги бисквитите и пополека додавајте млеко. Месете со рака додека добиете смеса погодна за формирање бомбици-внимавајте не смее да се меки туку средно тесто.
Правете бомбици по ваша желба.

Ставајте ги на чиста чинија. Оставете ги 30-60 мин. во фрижидер, извадете ги и и потопувајте ги во претходно направена глазура, ако сакате валкајте ги во кокос, ореви....
Оставете ги уште малку да се стегнат од глазурата и послужете.
Излегуваат околу 45 средни бомбици... Ч)
Шеќерот може да си го прилагодите по вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови