Испечати

Бисквит бомбици со еурокрем

Бисквит бомбици со еурокрем

Состојки

  • Смеса
  • 125 гр. маргарин(на собна температура)
  • чаша од 75-80 мл. шеќер
  • 2 лажици еурокрем (бел или кафеав)
  • 400 гр. мелени бисквити
  • 150 мл. + по потреба млеко
  • Глазура
  • 100-150 гр. чоколада за готвење
  • 3-4 лажици масло
  • За валкање(по желба)
  • по потреба сечкани или мелени ореви

Подготовка

Маргаринот изматете го пенасто со шеќерот, додадете го еурокремот и уште малку изматете да се соедини.
Додадете ги бисквитите и пополека додавајте млеко. Месете со рака додека добиете смеса погодна за формирање бомбици-внимавајте не смее да се меки туку средно тесто.
Правете бомбици по ваша желба.

Ставајте ги на чиста чинија. Оставете ги 30-60 мин. во фрижидер, извадете ги и и потопувајте ги во претходно направена глазура, ако сакате валкајте ги во кокос, ореви....
Оставете ги уште малку да се стегнат од глазурата и послужете.
Излегуваат околу 45 средни бомбици... Ч)
Шеќерот може да си го прилагодите по вкус.