8
мај
2014
Бешамел тестенини
Сварете ги тестенините, но внимавајте да не ги преварите.
Во тавата попрскајте 2-3 лажици маслиново масло и истурете ги исцедените тестенини. Додајте ја изварката и убаво измешајте. Потоа додадете ги и зачините и повторно измешајте. Ако сметате дека ви треба сол, посолете.
Во помал сад изматете ги јајцата и потоа измешајте ги со бешамелот и газираната вода. Прелијте ги тестенините. Нарендајте го кашкавалот, а потоа распоредете ги кремвишлите одозгора исечени на кругчиња. Просејте 2-3 прстофати оригано над сето тоа и ставете да се печи во загреана рерна од 200С 15-20 мин.
Лиценца: Сите права се задржани
..а ова изварка, го научив од една пријателка од с.Бучин , инаку да ме колиш не знаев што е...Ама блазе мене што ве имам вас, па се си научив.
јело за петка. јас кога правам бешамел, ПРОБУВАМ СО ГОЛЕМА ЛАЖИЦА, за секој случај. па...по некое време сфатив дека треба да правам поголема количина за да има ЗА ПРОБА :) :) :) :)