Сварете ги тестенините, но внимавајте да не ги преварите.
Во тавата попрскајте 2-3 лажици маслиново масло и истурете ги исцедените тестенини. Додајте ја изварката и убаво измешајте. Потоа додадете ги и зачините и повторно измешајте. Ако сметате дека ви треба сол, посолете.
Во помал сад изматете ги јајцата и потоа измешајте ги со бешамелот и газираната вода. Прелијте ги тестенините. Нарендајте го кашкавалот, а потоа распоредете ги кремвишлите одозгора исечени на кругчиња. Просејте 2-3 прстофати оригано над сето тоа и ставете да се печи во загреана рерна од 200С 15-20 мин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани