15
јул
2013
Бела тарана
Ова е едноставен рецепт кој го спремам за појадок.
Имам повеќе рецепти за тарана, некој потпечена, некој заруменета, но овој е едноставен.
Во сад на оган ги ставаме водата маслото и солта да зовријат.
Потоа ја додаваме тараната и промешуваме да не се залепи за дното.
Оставаме да се свари тараната.
Кога е варена и кога и водичката е испарена ја тргаме на страна од оганот и додаваме две суви рибанчиња леб ситно исецкани на залачиња.
Промешуваме.
Се служи топличко, со сиренце, кисело млекце или јогуртче.
На здравје со лесниов оброк
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови