Испечати

Бела тарана

Бела тарана

Состојки

  • 1 литар и 600 вода (ако е и малку повеќе, ќе изврие водата )
  • 1/2 лажица сол
  • 100 гр масло
  • 2 суви рибанки леб
  • 5-6 раци тарана

Подготовка

Ова е едноставен рецепт кој го спремам за појадок.
Имам повеќе рецепти за тарана, некој потпечена, некој заруменета, но овој е едноставен.
Во сад на оган ги ставаме водата маслото и солта да зовријат.
Потоа ја додаваме тараната и промешуваме да не се залепи за дното.
Оставаме да се свари тараната.
Кога е варена и кога и водичката е испарена ја тргаме на страна од оганот и додаваме две суви рибанчиња леб ситно исецкани на залачиња.
Промешуваме.
Се служи топличко, со сиренце, кисело млекце или јогуртче.
На здравје со лесниов оброк