1. Се загрева рерната на 180С, а калапот за куглов се премачкува со путер и се посипува со брашно.

2. Се изработува путерот додека да стане кремаст, се додава шеќерот, ванилата и солта и се миксира да се сврзат состојките. Се додава едно по едно јајце и кратко се миксира.

3. Во друг сад се мешаат брашното и пецивото.Ова се додава постепено во смесата од јајца и путер со постепено додавање на брашното и млекото. На крајот се додаваат сувото овошје.

4. Се истура смесата во силиконски куглов кој е намрсен и се пече 50мин. Кога е готов се остава да се олади. Се вади кугловот од силиконот. Калапот убаво се мие зошто треба чоколадата во неа да ја ставиме за да се добие убав изглед.

5. На пареа се топи чоколадата со маслото. Се истура во калапот и во него се става кугловот. Се лади цела вечер или 3 саати. Се превртува убаво и се декорира.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани