Ова е идеален рецепт за пишии, посебно доколку во тој момент немате дома квасец. Многу често ги правам, понекогаш и одвечер (тестото се чува во фрижидер во намрсен сад) па сабајле појадокот е за кратко спремен. Пробајте ги, содата им дава еден посебен шмек.

1. Најпрво ја ставаме содата во киселото млеко, мешаме убаво да се раствори и оставаме 5-10 минути да се активира (ќе се појават меурчиња)
2. Потоа замесуваме меко нелепливо тесто со додавање на брашното и солта.
3. Доколку ги правите веднаш, тогаш тестото покриено нека стои околу пола час, па потоа можете да почнете со нивното пржење. Можете со намрсени раце да кинете од тестото и со помош на прстите да го растегнете тестото - по тенко. Пржете ги во загреано масло на средна температура (кај мене на 4-ка, од вкупно 6) Додека се пржат од едната страна, со помош на лажица прскајте ги од врелото масло врз горната страна и ќе почнат да се надувуваат, па потоа превртете ги.
4. Вадете ги врз хартиена салфета.

Забелешка
- Ова тесто е без квасец, па затоа и не стасува. Дури и ако е направено одвечер, до сабајле не го зголемува волуменот.
- Доколку ги замесите од вечерта, сабајлината идното утро оставете го тестото пола час на собна температура, па пржете ги.
- Ова е основниот рецепт, но може да додадете ако сакате 2 јајца во тестото (така се уште поубави) може да додадете и пола пециво...и по желба рендано сирење-околу 100гр.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани