27
мар
2014
Велешки пишии
Во длабок сад го ставаме брашното и на средината правиме дупка и го ставаме квасецот.
Околу квасецот ги ставаме шеќерот и солта.
Потоа истураме полека од млаката вода и замесуваме тесто.
Измесеното тесто го покриваме и го оставаме да отстои 15-20 мин. или додека стаса или нарасне.Откако ќе нарасне со рака откинуваме едно парче од тестото и го оформуваме и ставаме да се пржи во претходно загреан зејтин.
Пржиме по 2-3 мин од едната и од другата страна.
Постапката ја повторуваме и со останатото тесто.
Добар апетит
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови