Бегова тава (по рецепт на мајка ми)
Овој рецепт секогаш ми означува почеток на ладното време. Го приготвува мајка ми, нормално и јас.
Чекор 1
Се сецкаат свинското и телешкото месо на коцки. Меленото месо се измесува со оризот и се прават мали топчиња. Топчињата малку се пропржуваат. Се сецкаат ситно кромидот, печурките и магдоносот.
Чекор 2
Се ставаат во земјена тава подготвените состојки и се промешуваат (јас за побрзо овој пат го направив во класично тенџере). Се додаваат зачините, водата, маслото и виното. Ако милувате може да го дозачините и со свежо лукче. Се пече околу 2 часа на околу 200 степени.
Чекор 3
По желба при самиот крај на печењето може да се додаде парчиња кашкавал или сланина.
Одличен ручек, прсти да излижеш. Супер рецепт и за гости.
Оди одлично со чаша темно вино.
Уживајте!
Лиценца: Сите права се задржани