Бајадера со тиква
Дефинитивно еден од моите поомилени рецепти кои сум ги направила. Кремаст и вкусен. Сите кои го пробаа уживаа во вкусот и дадоа пофални зборови.
1. Основа- во блендер ги ставаме овесните снегулки, оревите и урмите. Блендираме. Во смесата ги додаваме пирето од тиква и рум аромата. Блендираме да се соединат состојките. Смесата ја ставаме во калап со димензии 20х20, претходно обложен со хартија за печење. Ја натапкуваме смесата со лажица.
2. Фил- во длабок сад го ставаме пирето од тиква, путерот од кикиритки и медот. Мешаме со жица за матење, да се добие кремаста и хомогена смеса. Филот го ставаме врз основата.
3. Чоколаден прелив- во сад, над пареа, го топиме темното чоколадо. Во него го додаваме кокосовото млеко, промешуваме. Врз филот го ставаме чоколадниот прелив. Додаваме мелени ореви.
Бајадерата ја ставаме во замрзнувач неколку часа да се стегне. Пред послужување ја оставаме 15 минути на собна температура.
Лиценца: Сите права се задржани