Баунти чоколатца
Едни од највкусните и најпопуларни десерти кои влегуваат во категоријата на чоколада, сега можи да си ги приготвиме и дома на многу, брз и лесен начин :)
На умерена, ниска температура ставете ги кондензираното млеко, маргаринот и шеќерот да се растопат. Тргнете од рингла и вмешајте го кокосот.
Намастете коцкеста тава со димензии 20х20 и убаво и рамномерно распоредете и натапкајте ја смесата. Оставете убаво да се олади и здрви и потоа исечете штанглички 1х3 см.
На пареа растопете го чоколадото. Можи да е млечно, а можи и од она за готвење. Во зависност од густината додадете масло и секое парче чоколадирајте го посебно.
*Кога ќе исечите штангли, можи и да ги обликувате, односно да ги измазните ќошињата за да наликуваат како оние куповните.
Лиценца: Сите права се задржани
Весне, и Баунти не јадиш заради кокосот? еххх... :* и КатеМ нешто не сакала кокос, па можи да се дружите десертно :)))
Се осеќам отповикана од одредени причини да се надополнам во врска со сечењето, па ќе повторам пак. Смесата убаво се натапкува врз мрсна хартија, целофан или како во овој случај, намастен силиконски калап на делимано. Кога добро ќе се здрви во фрижидер, се вади од калапот и се сечи. Малку е леплива, но во никој случај не е сува и растресита. Внимавајте на постапката. Млекото, шеќерот и маргаринот се топат на УМЕРЕНА температура или пак ставете ги во водена бања. Тука треба да се растопат состојките само, но не и да испарат па потоа смесата сува да испадни. Исечените коцки, лесно се обликуваат на местата каде што можи да ви стрчат на некои од краевите. Смесата е компактна и со притискање си ја задржува формата која погоре пишував дека можите по желба да ги измазните ивиците. Бидејќи сега е многу жешко времето, убаво е исечени повтортно да ги вратите во фрижидер или замрзнувач пред да ги чоколадирате. Се надевам дека ова сантиметарско објаснување ќе е од помош плус и за оние кои се почетници во кујна и ќе можат лесно да снајдат и да ги подготват :)
Kondenzirano mleko momentalno ima vo Vero. Zboruvame za zasladeno kondenzirano mleko, ona gustoto sto e, ne ona kondenzirano (tecno) za kafe. Vero povremeno nosi od toa-zasladenoto nou nou koe nam ni treba za vo receptot. Vo Kam takvo ne sum sretnala, samo od toa drugoto, sto vo ovoj slucan ne ni treba. Se izjasnuvam za vo reonot na Bitola. Mozebi vo drugite gradovi e poinaku.
No bitnoto da se znae kakvo mleko treba ;)