Баунти чоколатца
Состојки
- 1 конзерва (395мл) засладено кондензирано млеко
- 50 гр маргарин
- 45 гр шеќер во прав
- 250 гр кокос
- 200 гр чоколадо + 3-6 лажици масло
Подготовка
Едни од највкусните и најпопуларни десерти кои влегуваат во категоријата на чоколада, сега можи да си ги приготвиме и дома на многу, брз и лесен начин :)
На умерена, ниска температура ставете ги кондензираното млеко, маргаринот и шеќерот да се растопат. Тргнете од рингла и вмешајте го кокосот.
Намастете коцкеста тава со димензии 20х20 и убаво и рамномерно распоредете и натапкајте ја смесата. Оставете убаво да се олади и здрви и потоа исечете штанглички 1х3 см.
На пареа растопете го чоколадото. Можи да е млечно, а можи и од она за готвење. Во зависност од густината додадете масло и секое парче чоколадирајте го посебно.
*Кога ќе исечите штангли, можи и да ги обликувате, односно да ги измазните ќошињата за да наликуваат како оние куповните.