Многу вкусна и убава за око торта.
1. Чоколадото со сите останати состојки за подлога се топат на тивок оган и се додаваат кај мелените бисквити. Доколку смесата е многу сува додадете некоја лажица млеко. Се меси. Калап за торта со димензии 22 се намастува малку со масло и на дното се распоредува смесата за подлога. Се става во фрижидер.
2.Фил
Павлаката, шеќерот, путерот се загреваат до пред вриење се вадат од оган, па се додава искршеното чоколадо и убаво се меша додека се стопи.Се додава кокосот и филот се нанесува врз подлогата.Се става да се олади во фрижидер најмалку еден час.
3. За преливот стопете го чоколадото со маслото и нанесете врз тортата. Оставете да се олади убаво.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови