Подготовка на филот.
Најпрвин ги рендаме тиквичките ги посолуваме и побиберуваме ги мешаме со лажица. Потоа ги земаме соја трошките ги ставаме во чинија ги досипуваме со млака вода и ги оставаме да набубрат. За тоа време го лупиме кромидот, го сецкаме ситно, го ставаме на масло и го попржуваме. Ги додаваме соја трошките истискани од вода, додаваме сол и бибер попржуваме на кратко и ги додаваме тиквичките исто така претходно исцедени од пуштената вода.
Промешуваме и смесата ја тргаме на страна.

Подготовка на тестото.
Во сад за месење го ставаме брашното го додаваме маслото и солта и со млака вода го замесуваме тестото. Тестотото го месиме малку подолго да тестото биде глатко и да добие жилавост (отприлика околу 8 до 10 мин).
Го ставаме тестото на работната маса, обликуваме круг од делиме тесто за баничките, го формираме во круг и посебно секој круг на набрашнета работна маса малку го расукуваме и го намрсуваме со масло.
Го оставаме тестото да одмори 15 мин. Јас од ова тесто извадив девет банички, но доколку сакате помали банички можете тестото да го поделите уште.
Кога веќе тестото одстојало го земаме и развлекуваме на кујнски чаршаф. Кога е веќе развлечена кората краевите убаво ги истенчуваме корта ја препрскуваме со масло, а потоа со филот ја собираме со помош на чаршаф ги мотаме баничките и ги редиме во намрсен плек. Ги попрскуваме со масло и ги ставаме да се печат во претходно заграна рерна.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови