Во нутрибулет ги соединуваме бананата и млекото.
Ги ставаме во вангличка, додаваме јајце, масло, ванила, кисела вода.
Соединуваме убаво.
Сега го додаваме брашното, не цело оддеднаш, постепено, до потребната густина за палачинките.
Количината на брашно ќе варира по малку, во зависност од големината на јајцето и бананата.
Тавата ја загреваме на умерен оган, ставаме 2,3 капки масло и пржиме танки палачинки.
Јас половина од палачинките ги премачкав со нутела, па ставив исчистени цреши и заролав.
На другата половина палачинки ставив мед, мелени лешници , цреши и заролав.
Уживајте во оваа вкусна убавина.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани