Испечати

Банана палачинки, со цреши и крем или мед

Банана палачинки,  со цреши и крем или мед

Состојки

  • 1 јајце
  • 1 средна банана
  • 1 ванила
  • шеќер по вкус, јас не ставив
  • 250мл млеко
  • 100мл кисела вода
  • 1лажица сончогледово масло
  • 120-150гр брашно
  • по желба цимет или мешавина на зачини за медењаци....
  • Некоја капка масло
  • цреши
  • мед
  • нутела
  • лешници

Подготовка

Во нутрибулет ги соединуваме бананата и млекото.
Ги ставаме во вангличка, додаваме јајце, масло, ванила, кисела вода.
Соединуваме убаво.
Сега го додаваме брашното, не цело оддеднаш, постепено, до потребната густина за палачинките.
Количината на брашно ќе варира по малку, во зависност од големината на јајцето и бананата.
Тавата ја загреваме на умерен оган, ставаме 2,3 капки масло и пржиме танки палачинки.
Јас половина од палачинките ги премачкав со нутела, па ставив исчистени цреши и заролав.
На другата половина палачинки ставив мед, мелени лешници , цреши и заролав.
Уживајте во оваа вкусна убавина.