Подготовка на кората.
Се матат јајцата со шеќерот потоа ги додаваме оревите и матиме со лажица го додаваме брашното и какаото и пециво. Печеме во загреена релна на 200 степени. Постапката ја повторуваме и со другите две кори.

Подготовка на филот.
Млекото го загреваме и во него го растопуваме чоколадото и мешаме додека не се згусти. Кога ќе проврие мешаме уште околу 6,7 минути. Кога е готово го оставаме да олади. Жолчките ги матиме со 100 гр прав шеќер и ги вариме на пареа околу 10 до 15 мин на умерена температура. Се остават да оладат. Оревите ги попаруваме со 100 гр провриено млеко со 3 лаж шеќер . Маргаринот го матиме со 100 гр прав шеќер и го додаваме филот со жолчките и матиме, потоа го додаваме постепено филот со чоколадата и убаво матиме. Го додаваме филот со мелени ореви. Убаво мешаме да се соедини филот.

Филување.
Ставаме кора, еден слој фил, па ги редиме пуслиците, пак тенок слој фил и кора, еден слој фил пуслиците тенок слој фил кора. Декорација по желба.
Забелешка.
Пуслиците можете и сами да ги направите, како сто направив и јас од преостанатите 5 белки. Јас ги правев по рецептот на ЛУДО од овој сајт ( http://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D1%83%D1%81%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B8-%D1%86%D0%B5%D0%BB%D1%83%D1%84%D0%BA%D0%B8 ).

Ви препорачуваме овој рецепт да го подготвите со Касерола ; Делимано Ростер

РостерКасерола

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови