Баклава со ореви и кокос
Подготовка на филот
1. Гиставаме водата и шеќерот да зовријат, потоа вариме уште една минута и тргаме на страна и ги додаваме оревите, кокосот и какаото, промешуваме и го додаваме пецивото.
2. На работна маса ставаме една кора ја прскаме со масло, ја ставаме втортата кора ја прскаме со масло и посолуваме со гриз, потоа ја додаваме третата кора ја прскаме со масло и се става филот на едната страна и се мота во ролат
3. Баклавата ја сечеме на парчиња и редиме во намрсен плех. Постапката ја повторувамеи со преостанатите кори.
4. Баклавата пред печење ја попрскуваме малку со газирана вода и печеме во претходно загреана рерна на 220 степени додека да порумени, а потоа постепено ја намалуваме температурата. 5.Топлата баклава ја полеваме со оладен шербет. По желба одозгора можете да ја напрскате со половина чоколада растопена со малку масло.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Драга aleksovska
Рецептот е прекрасен, но сметаме дека треба да биде претставен со подобра фотографија. Испрати ни фотографија која ќе биде направена на дневна светлина и каде светлото ќе доаѓа од страна(лева или десна) и ние ќе ја замениме.
Поздрав