Подготовка:

1. Ставете во висока чаша за нескафе, инстант кафето и водата. Со машинка миксирајте, додека стане цврста пена. Ако не сакате да ви горчи пената, тогаш тука додадете половина од шеќерот и измиксирајте додека се стопи.

2. По ѕидовите на чашата ставете од чоколадниот прелив, па додадете го бадемовото млеко, мразот и топчето сладолед.

3. Одозгора декорирајте со чоколаден прелив и струготини .
Послужете го ладно и веднаш.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови