Бадем Ајскафе
Состојки
- 1 лажица инстант кафе
- 1 лажица шеќер (по вкус)
- 1 ракиено чаше ладна вода
- 120 мл бадемово млеко
- 1 топче сладолед со вкус на бадеми и чоколадо
- 2 коцки мраз
- чоколаден прелив и чоколадни струготини
Подготовка
Подготовка:
1. Ставете во висока чаша за нескафе, инстант кафето и водата. Со машинка миксирајте, додека стане цврста пена. Ако не сакате да ви горчи пената, тогаш тука додадете половина од шеќерот и измиксирајте додека се стопи.
2. По ѕидовите на чашата ставете од чоколадниот прелив, па додадете го бадемовото млеко, мразот и топчето сладолед.
3. Одозгора декорирајте со чоколаден прелив и струготини .
Послужете го ладно и веднаш.