Бабовка е рецепт за мраморен куглоф во Чешка. Брзо се прави, лесен е мек, сочен......

Загрејте ја рерната на 200 степени, на плех 20х30 см. ставете хартија. Рецептот е за куглоф, но може да го правите и во друг калап. Ако го го правите во куглоф-намрсете го и обилно побрашенете го со брашно калапот.

Оделете ги белките од жолчките. Во белките ставете прстофат сол и изматете цврст снег од белки. Во жолчките ставете го шеќерот и изматете да добие пенаста смеса, додадете го маслото и топлата вода, уште малку на најмала брзина.
Во садот со жолчките додадете го брашното и пецивото, измешајте со шпатула или лажица, додадјте 1/3 од смесата со белки, измешјате да се соедини. Така направете и со останата 2/3 смеса.

Сипувајте 1/2 смеса во плехчето, во останатата половина ставете го какаото и измешајте да се соедини. Смесајата истурете ја како шари на белата, ишарајте со вилушка. Ставете да се пече во загреаната рерна околу 40-45 мин. Проверете со чепкалка за заби дали е готов колачот. Извадете да се подолади и посипете го со прав шеќер или чоколадна глазура, сечете парчиња по желба.

-Кај мене повеќе на какао отиде... Ч)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови