Испечати

Бабовка

Бабовка

Состојки

  • 4 јајца
  • чаша од 200 мл. шеќер
  • 100 мл. масло
  • чаша од 250 мл. брашно
  • 1 кесичка (10 гр.) ванилин шеќер
  • 1/2 пакетче пециво
  • 2 мали лажички какао
  • рендана кора од лимон (по желба)
  • шеќер во прав за посипување или чоколадна глазура(100 гр. чоколада+3 лажици масло)
  • 100мл топла вода

Подготовка

Бабовка е рецепт за мраморен куглоф во Чешка. Брзо се прави, лесен е мек, сочен......

Загрејте ја рерната на 200 степени, на плех 20х30 см. ставете хартија. Рецептот е за куглоф, но може да го правите и во друг калап. Ако го го правите во куглоф-намрсете го и обилно побрашенете го со брашно калапот.

Оделете ги белките од жолчките. Во белките ставете прстофат сол и изматете цврст снег од белки. Во жолчките ставете го шеќерот и изматете да добие пенаста смеса, додадете го маслото и топлата вода, уште малку на најмала брзина.
Во садот со жолчките додадете го брашното и пецивото, измешајте со шпатула или лажица, додадјте 1/3 од смесата со белки, измешјате да се соедини. Така направете и со останата 2/3 смеса.

Сипувајте 1/2 смеса во плехчето, во останатата половина ставете го какаото и измешајте да се соедини. Смесајата истурете ја како шари на белата, ишарајте со вилушка. Ставете да се пече во загреаната рерна околу 40-45 мин. Проверете со чепкалка за заби дали е готов колачот. Извадете да се подолади и посипете го со прав шеќер или чоколадна глазура, сечете парчиња по желба.

-Кај мене повеќе на какао отиде... Ч)