Бабините слатки кифлички
Кога бев дете го обожавав мирисот на овие кифлички што баба ги правеше едноставно, а прекрасно се топи во уста.
Сега кога јас основав мое семејство со задоволство ги правам ама додека се свртиш ги снемува -)
Јајцата се матат со 200гр шеќер и во нив се додава млекото, квасецот, свинската маст и брашно. По желба може да се додаде и рендана кора од лимон, јас кога имам ставам.
Се остава да сташе. Подоцна се размесува и на работна површина ставаме шеќер измешан со (афион,сусам или ореви) јас обично правам три врсти.
Се зема парче тесто се валка низ раце и така врз смесата со шеќер виткаме кифлички.
Се редат во подмачкан плех и се оставаат уште 15 мин да појдат.
Се пече на 200 ц околу 20 мин.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
нема смисла да ми се удира вилицата од маса секој ден! :) :) :) :)
Сметаме дека овој прекрасен рецепт заслужува фотографија која ќе го претстави во вистинското светло. Затоа се надеваме дека нашите совети ќе ти помогнат за во идинина да направиш подобри фотографии.
Секогаш при фотографирње на спремениот рецепт прави по повеќе фотографии и од сите одбери ја најубавата. Дури и професионалните фотографи прават по стотина фотографии од една иста работа додека да го постигнат саканиот ефект.
Без паника, не велиме дека треба да правиш сто фотгорафии, само го кажавме како пример :)
Обиди се фотографите да бидат од различни агли, а не само од горе.
Светлото кое ќе доаѓа на припремениот рецепт треба да биде од страна, да не влегува дирекно во апаратот. Светлото да биде помеко (да не биде многу јако) и да не прави пресветли делови на самиот приготвен рецепт, а од окулу да не се создаваат темни сенки.
Те очекуваме наскоро повторно со некој убав рецепт и убави фотографии :)