Бабините слатки кифлички
Состојки
- 4 јајца
- 500гр свинска маст (стопена) или маргарин
- 1 квасец
- 250мл млеко
- 200гр шекер
- 1кг брашно(немора баш кг попотреба тестото да бде средно
- по желба афионово семе,мелени ореви,сусам
- 200гр. шекер
Подготовка
Кога бев дете го обожавав мирисот на овие кифлички што баба ги правеше едноставно, а прекрасно се топи во уста.
Сега кога јас основав мое семејство со задоволство ги правам ама додека се свртиш ги снемува -)
Јајцата се матат со 200гр шеќер и во нив се додава млекото, квасецот, свинската маст и брашно. По желба може да се додаде и рендана кора од лимон, јас кога имам ставам.
Се остава да сташе. Подоцна се размесува и на работна површина ставаме шеќер измешан со (афион,сусам или ореви) јас обично правам три врсти.
Се зема парче тесто се валка низ раце и така врз смесата со шеќер виткаме кифлички.
Се редат во подмачкан плех и се оставаат уште 15 мин да појдат.
Се пече на 200 ц околу 20 мин.