Рецептов го добив од една пријателка пред подолго време и остана не испробан мислејќи дека сум го загубила. Пред неколку дена случајно го најдов и секако бидејќи сме големи љубители на ваков тип на десерти, веднаш ги направив.
За подготовката не е потребна некоја умешност, напротив, лесни и брзи се за подготовка, а уште побрзи за јадење -)))

Подготовка
Путерот или маргаринот заедно со двете врсти на шеќер изматете ги пенесто. Додадете ги јајцата едно по едно и секое од нив матете го по половина минута пред да го додадете наредното. Прашокот за пециво измешајте го во брашното. Наизменично додавајте од водата и брашното во садот каде матите. Ќе добиете доста густа и мазна смеса. Покријте го садот со алу фолија и оставете тестото да одмори 10-тина минути.
Загрејте го апаратот за печење вафли. Премачкајте ја површината за печење со зејтин и ставајте по 3 лажици од тестото на неа. Поклопете со капакот и оставете да се испече вафелот на средна температура.

Сервирајте ги топли посипани со шеќер во прав, додадете овошје по желба и матена слатка павлака. Убави се и со чоколаден крем, или со овошен сос....нам секоја комбинација ни е убава, ги обожаваме -)))

Од оваа смеса излегуваат 15 вафли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани