Бабин празничен колач
Свинската маст се става во подлабок сад и убаво се мати со миксер. Се додава и шеќерот и се мати додека се добие пенаста маса. Кон оваа маса се додаваат жолчките и одкако и тие убаво ќе се соединат се додаваат брашното, пецивото и млекото.
Целата смеса се мати и на крај се додава какаото и зачините. Убаво се изедначува, па полека со лажица се додава и изматен снег од 4 белки. Смесата се сипе во поголем плех на хартија и се пече на 180 степени 30-35 минути.
Одкако ќе се олади се сече на 3 ленти по должина и се мачка со мармалад или растопена чоколада. Лентите се редат една врз друга и одозгора се прелива со чоко глазура.
Рецептот е многу стар, но вреди да се проба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела