Бабин ручек - ребра со сос
Најчесто на овој начин месото го подготвуваше мојата баба која што и да ни принесеше на маса секогаш беше вкусно.
Месото се сече на парчиња и се става во загреана тава да се пржи. Се налева со зејтин и малку вода(150мл) и се пржи во непокриена тава. Повремено се промешува додека зацрвени од сите страни. Реброто има и помрснички делови затоа ако пржите попосно месо ставете и некое парче сирова сланина.
Одкако месото ќе се испржи се зачинува со сол и бибер и на крај се додава буковец.
Месото се ваќа од тавата и во истиот зејтин се пржи кромид исечен на тркалца со дебелина од 5мм. Кромидот се пржи додека омекне и се сервира со месото.
Во преостанатиот зајтин се додаваат 2 лажици брашно, се запржува и се налева со павлаката и 200мл вода. Сосот се остава да проврие 5 минути и се зачинува, а потоа се служи со месото.
Лиценца: Сите права се задржани