Бабин колач (без јајца и масло)
Се прави само од 4 состојки, рецептот е едноставен, и е еден од постарите кои што ги имам, па затоа го нареков Бабин колач.
Подготовка
1. Во длабок сад го ставаме киселото млеко. Ја додаваме содата, промешуваме. Го додаваме и шеќерот, пак промешуваме. На крај го додаваме брашното, овој пат може да соедините до хомогенизирање со рачна маталка или кратко да измиксирате. Јас миксирав.
2. Смесата ја истураме во тавче број 24 (обложено со мрсна хартија). Печеме во загреана рерна на 180 степени (проверуваме со чачкалица).
3. Испечениот колач НИКАКО не се сече жежок. Оставете го прво да олади, па сечете на парчиња. Одозгора јас наросив ореви, но тоа е по желба, не е по рецепт и не е задолжително.
*Забелешка- Мериме со истото канче од киселото млеко (кај мене е од 400 гр). По рецепт се става од се по 1 канче (кисело млеко, шеќер и брашно), но според мене е премногу благ колачот со таа количина на шеќер, па затоа намалив на пола канче шеќер. Но, доколку се решите за поблага варијанта, може одозгора да го наросите со шеќер во прав.
Дополнително можете слободно да го збогатите овој едноставен колач со додавање на какао, сецкани ореви, цимет, ванила, суво грозје и сл (по вкус), но пак ќе напоменам...се е тоа плус доколку сакате вие, рецептот е само од наведените 4 состојки.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани