Ајфелова кула од наполитанки (декорација)
Сакам да ви прикажам една мала едноставна, а интересна декорација. Можеби некому ќе се најди како идеја за детска забава или слично. Ја правев за манифестација на овогодинешниот Бит фест, но за жал не дочека да биди презентирана-се распадна во транспортот. Проблемот не беше толку транспортот колку она кое остана како заклучок. Доколку ја правите, а е лето, жешко и се се топи, не ја ставајте како мене во замрзнувач, ниту пак во фрижидер. Листовите обланда од наполитанката примија влага и се одделија. Ако тоа се случи на оние кои се налегнати меѓу спратовите, тогаш настанува проблем и распаѓање. Значи, или правете ја во поладни денови или пак во ваков случај непосредно пред настан во поладна просторија.
Ројал смесата нема да ви треба цела, многу е, ама тоа е дозата или пак работете одокативно со дел од белка и шеќер по потреба-да е густо за да држи лепењето.
Во основата се редат 4 наполитанки исправено. Над нив се лепи една легната. Вториот спрат го содржат 2 наполитанки косо засечени од двете страни, така што ќе можат да се спојат на горниот дел, а со долниот да лежат врз подлогата на легнатата наполитанка. Над нив се лепи една подолга и една малку покуса од неа и на крај најгорната наполитанка со врвот заострен.
Нацртајте го знамето и залепете го на чечкалицата, па набодете го на врвот на кулата.
Имајте сладок париски сувенит на вашата трпеза *_*
Лиценца: Сите права се задржани