Арапски колач
Вклучете ја рерната на 180 степени.
Садот во кој ќе го печете колачот треба да е длабок (22-24 цм ширина)
Во садот во кој ќе печите ставете 5 лажици шеќер и ставете го на не многу јака температура да се карамелизира.
Претходно, во вангла избијте ги јајцата со шеќерот, додајте го млекото и ванилата и тргнете го настрана. Тоа ќе биде смесата за кремот.
Во друга вангла избијте го јајцето со шеќерот и додајте ги другите состојки кои се во листата за тестото.
Во садот во кој е веќе карамелизираниот шеќер турете ја најпрво смесата за кремот. Потоа во средината турете ја смесата за тестото.
Во некоја тепсија, поголема од садот во кој ќе печите, турете врела вода и во неа ставете го садот. Количината на водата одредете ја самите, треба да биди отприлика 2 цм од садот.
Ставете го сега да се пече, отприлика 55 мин. а после половина час можете да го покриете со фолија за да не загори одозгора.
Кога е веќе печено, оставете го да се олади, па ставете го со се тепсија во фрижидер, неколку сати, добро да се стегне. Потоа само превртете го на тањирот на кој ќе стои и уживајте.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Slusaj, ako zadovolitelno se oporavam vo umot za nekoj sat....... se e mozno :))))
...како го направив...во која гужва,фрка,трка....друг пат :)))
Колачот е закон,без дупка и тоа :) како само мириса,оф Боже,каков вкус има....сабајлево кога почнав да јадам,како што беше превртено во плехот и цел пред мене,мислев дека нама да можам да се сопрам и ќе го мавнам пола на едно јадење,нема наситка од ова.Следниот пат ќе правам 2 дози и онака овалот во кој го печев беше голем,па колачот излезе танок :) Инаку слоевите се раздвоија супер,иако и јас бев скептична,цело време мислев дека гарант нешто сум утнала.
Е сега,технички дел.Во кремот кога ќе го додадеш млекото,продолжуваш да матиш со миксерот или не?Јас матев и ептен пена се стори :)) па ни во тавче од 26 цм не го збираше хаха.
Јуле во секој случај,сума сумарум,од 1-10,100-ка (нема вишок нула) :))) оправдано
Среќен 8-ми Март!!!
П.С.Инаку и ролатат Се во едно уште ми го немаш видено.
Поздрав
Od komentarite pogresno zakluciv deka vo tek na pecenjeto testoto ke se digne gore, vsusnost samo sto go isturiv vo sredinata, se digna na povrsina. Mislev nisto nema da bide, ama ispadna odlicno!! Navedenata kolicina sostojki ja podeliv vo 6 ramekini i taka ja pecev.
I sin mi i maz mi go bendisaa mnogu. Jas bi zamenila del od mlekoto so kondenzirano mleko (nezasladeno) vo ista kolicina za da bidi pokompakten kremot i da ne pusta voda po pecenjeto, iako i kako vo receptot e super.
Fala ti, Jule :))