Англиски мини пити со суво овошје
Во еден средно голем сад измешајте ги брашното и шеќерот. Додајте ги коцките путер, па втријте го брашното да добиете груби ронки. Додајте ја жолчката и водата, измешајте со вилушка, да се соедини во топка. Ако треба, сосем малку промесете да се соедини. Формирајте го тестото во диск, завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер околу 20 мин.
Загрејте ја рерната на 180 Ц.
Калапот за мини мафини со 24 отвори многу обилно намачкајте го со размекнат путер.
Меѓу два листа хартија за печење рассучете го тестото во дебелина 3 - 4 мм. Сечете кругови од тестото и втиснете ги во отворите на калапот.
Секој отвор наполнете го со минсмит.
Од преостанатото тесто исечете ѕвездички или цветчиња, затворете ги мини питите и нежно притиснете ги рабовите.
Разматете ја белката со водата, премачкајте ги колачите одозгора и посипете ги со шеќерот.
Печете 25 - 30 мин, или до светло златна боја.
Оставете го калапот на жица да подолади десетина минути, па извадете ги колачите. Мене најлесно ми оди ако прво лесно ги завртам лево десно во калапот, а после ги подигнам нагоре.
Чувајте ги во добро затворена кутија на собна температура.
Лиценца: Сите права се задржани
Вкусот ми е добро познат, само полнењето беше со мармалад ... твоиве со твојот домашен специјалитет сигурно уште поубави :)
http://moirecepti.mk/post/piticki-polneti-ovosje
Мирисни и вкусни.