Испечати

Англиски мини пити со суво овошје

Англиски мини пити со суво овошје

Состојки

  • За тесто
  • 300 гр (2 шољи) сенаменско брашно
  • 70 гр (1/3 шоља) шеќер во прав
  • 160 гр студен путер, исечен на мали коцки
  • 1 жолчка
  • 2 лажици ледена вода
  • За полнење
  • 100 - 200 гр минсмит, купен или подготвен дома
  • За премачкување
  • 1 лажица кисела вода
  • За посипување
  • малку кристален жолт шеќер
  • За премачкување на калапот
  • малку размекнат путер

Подготовка

Во еден средно голем сад измешајте ги брашното и шеќерот. Додајте ги коцките путер, па втријте го брашното да добиете груби ронки. Додајте ја жолчката и водата, измешајте со вилушка, да се соедини во топка. Ако треба, сосем малку промесете да се соедини. Формирајте го тестото во диск, завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер околу 20 мин.

Загрејте ја рерната на 180 Ц.
Калапот за мини мафини со 24 отвори многу обилно намачкајте го со размекнат путер.
Меѓу два листа хартија за печење рассучете го тестото во дебелина 3 - 4 мм. Сечете кругови од тестото и втиснете ги во отворите на калапот.
Секој отвор наполнете го со минсмит.
Од преостанатото тесто исечете ѕвездички или цветчиња, затворете ги мини питите и нежно притиснете ги рабовите.
Разматете ја белката со водата, премачкајте ги колачите одозгора и посипете ги со шеќерот.
Печете 25 - 30 мин, или до светло златна боја.
Оставете го калапот на жица да подолади десетина минути, па извадете ги колачите. Мене најлесно ми оди ако прво лесно ги завртам лево десно во калапот, а после ги подигнам нагоре.
Чувајте ги во добро затворена кутија на собна температура.