Се матат јајцата(посебно жолчките со шеќерот, па потоа им се додаваат изматените белки) па им се додаваат и другите состојки и се пече во округли калап за торта. Од како ќе се испече се сече тестото на пола.

Пудинзите се варат во млекото и шеќерот па се соединуваат со изматениот маргарин со шеќер во прав.
2 кесички шлаг крем се матат со киселата вода
Ананасот се истура во цедалка и се цеди
Тортата се реди-прво едниот дел од тестото, па се попрскува со сокот од ананас, над него се става филот со пудинг, па шлаг крем, па еден ред ананас, се поклопува со вториот дел од тестото, се мачка со полева со останатиот сок и се декорира со шлаг кремот од ванила и парчиња ананас.
Ова е многу брза, едноставна по состав и вкусна тортичка, лесна за јадење и лесна за подготовка, а ананас си е сепак ананас-кој не би пробал?

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела